| четврток, 6 декември 2018 |

Поштенски контролор крадел пензии

posta_3

Контролор на битолските поштари бил откриен како фалсификува чек на пензионери кои се надвор од државава, при што си присвоил околу 1.500 евра.

СВР Битола поднесе посебен извештај за М.К.(37) од Битола, контролор во Македонска пошта АД Скопје – подружница Битола, за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа. Во  текот на 2012 година и почетокот на 2013 година, пријавениот три пати, при контрола на пензиски чекови од различни благајни, користејќи шифри на овластени лица, своерачно пополнувал и потпишал девет пензиски чека, на три физички лица кои престојуваат во странство, по што ги реализирал истите, стекнувајќи се со противправна  имотна корист во износ од 105.101 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top