| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува бројот на бегалци кои транзитираат низ Македонија

aktuelno156-740x320-top

Околу 5.600 бегалци влегле вчера од Грција во Македонија, што е значајно зголемување во однос на претходните денови и укажува оти се повеќе мигранти доаѓаат кон Европа, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

– Тоа е апсолутно драматична ситуација. Македонија и натаму е транзитна земја во која мигрантите влегуваат со намера да го продолжат патот кон Западна Европа – изјави портпаролката на УНХЦР Мелиса Флеминг.

Се проценува дека само во последните два месеца, од Грција во Македонија влегле над 60 илјади мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top