| четврток, 6 декември 2018 |

Египетски милијардер нуди решение: Дајте ми да купам остров и на него да ги сместам сите бегалци

Египетскиот милијардер Нагуиб Савирис, чие богатство се проценува на 3,1 милијарди долари, наскоро планира да ги посети Грција и Италија за да ги наговори челниците на тие две држави да му продадат некои од своите ненаселени острови.

migranti_thumb_medium500_250

Савирис им испратил на Грците и Италијаните јавна понуда: продајте ми еден од вашите острови за на него да сместам стотици илјади сириски бегалци.

Тој пред неколку дена на Твитер ја претставил оваа идеја и објаснил како има желба таквиот остров да добие самостојност, односно статус на држава.

„На него најпрво би се наоѓале привремени засолништа, меѓутоа потоа би ги вработил тие луѓе на него да градат школи, билници, универзитети и домови“ рекол Савирис.

sivir

Египетскиот тајкун проценува дека еден таков остров може да чини од десет милиони до сто милиони долари, но главното прашање се инвестициите во инфраструктурата.

 

– Уверен сум дека тоа што го сакам е можно да се изведе. Се разбира дека тука би имало разни препреки, меѓутоа најважно е бегалците да бидат третирани како луѓе, а не како стока – нагласува Сивирис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top