| четврток, 6 декември 2018 |

Магационерите на РЕК „Битола“ украле околу 6.000 евра од комбинатот

rek bitola

Двајца магационери на РЕК „Битола“ биле фатени како крадат машини и делови од комбинатот, а потоа ги продавале.

СВР Битола поднесе кривична пријава за Н.В.(56) и за С.М.(53), двајцата од Битола, вработени како магационери во РЕК „Битола“, за сторено кривично дело несовесно работење во службата за врска со соизвршителство.

Во периодот од 2009 до  2012 година, пријавените, спротивно на статутот на РЕК „Битола“, направиле кусок на делови од магацинот каде што биле задолжени, односно одземале машинска стока во вредност од 353.474 денари или 5.800 евра, на штета на РЕК „Битола“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top