Европското кошаркарско првенство почнува утре во сите четири групи, кои за првпат се играат во четири различни држави.
Во групата Б што се игра во Берлин пет од шесте репрезентации ќе бидат сместени во хотелот „Анделс“, кој е со 4,5 ѕвезди. Веднаш по пристигнувањето на поголемиот дел од кошаркарските џинови, настанал проблем со тоа што играчите побарале продолжување на креветите за дополнителни 20 сантиметри. Сепак, проблемот бил веднаш решен и сега кошаркарите можат мирно да се одмараат.
Највисоки центри во групата Б се Германецот Тибор Плајс и Исланѓанцот Рагнар Натанелсон, кои се високи по 218 сантиметри. Тие двајца ќе се сретнат во првиот меч од шампионатот в сабота, а во групата Б играат уште Србија, Шпанија, Италија и Турција.
Меѓу највисоките во групата Б е и НБА-ѕвездата на Далас маверикс, Дирк Новицки кој е висок 213 сантиметри, но тој изнајми посебен апартман во хотелот за своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Mаленко го лажел Поп Ацев дека ќе настапи на Европското првенство во Глазгов
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините



