| четврток, 6 декември 2018 |

Хованец: Треба да се обезбедат надворешните граници на шенгенот, а не да се затвораат границите пред емиграциските бранови

ceska migrantiЧешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец смета дека Чешка во наредните месеци може да се соочи со големи емиграциски бранови од Србија и од Унгарија, каде што Европа ја потценила ситуацијата.

– Се плашам дека ние сме во ситуација кога Унгарија ќе колабира и ќе ги отвори браните, Чешка нема да биде во можност сето тоа да го совлада – вели Хованец во интервју за весникот „Млада фронта днес”.

Тој додаде дека во Србија и во Унгарија има до 250.000 бегалци што сакаат да дојдат до Германија и тој смета дека тој миграциски бран ја загрозува Чешка.

– Кога ќе погледнете во Турција, во Курдистан имате неколку милиони луѓе што бараат нов дом. Ова е најсериозната бегалска криза од Втората светска војна наваму – рече Хованец.

Министерот за внатрешни работи на Чешка тврди дека земјата е подготвена, доколку има потреба, освен полицијата, да ја употреби Армијата и обезбедувањето на затворските служби, како и да го зголеми бројот на објекти што ќе послужат како бегалски кампови.

Хованец оцени дека решение на бегалската криза не се ниту обврзувачките квоти за примање бегалци во европските земји, ниту затворањето на државните граници.

– Најглавно е да ги браниме надворешните граници на Шенген зоната. Подготвени сме да ги оформуваме меѓународните полициски сили, подготвени сме нашите луѓе да служат во Унгарија, Италија и Грција и тоа е единствено решение, а не затворање на границите како што сакаат многу луѓе – рече Хованец.

Проблемот со бегалците денеска ќе го разгледуваат и земјите на Вишеградската четворка, В4 (Унгарија, Полска, Словачка и Чешка) и ќе се обидат да најдат заедничка позиција која ќе ја претстават пред Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top