| четврток, 6 декември 2018 |

Три сестри во Ирска се породиле во иста болница во ист ден

Три сестри од Ирска се породиле на ист ден, во иста болница, а нивната четврта сестра, која исто така е бремена, ја надносила бременоста неколку дена.

Four Sisters Babies

Трите сестри родиле две здрави момчиња и едно девојче кои роденденот ќе го слават на први септември.

Меренд Фиц Патрик била првата која го родила момчето по име Томас во 3.25 часот. Нејзината сестра Џолин Годфри ја родила ќерката Сорча во 11 часот, а третата сестра Берни Вард го родила момчето Фелим околу 20,30 часот.

Нивната четврта сестра Кристина Мари, исто така е бремена и очекува да се породи во секој момент. Таа го надноси плодот. Вели дека е малку разочарана што не се породила во ист ден како и нејзините три сестри, но се надева дека нејзиното дете набрзо ќе се роди.

Сестрите велат дека не планирале заедничка бременост. Нивните термини за породување не биле во ист ден, но сепак, се случуло да се породат сите во ист ден.

Лекарите и сестрите се изненадени и велат дека е ова е прв ваков случај во нивната кариера.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top