Австралискиот премиер Тони Абот ја повика Европа да учи од примерот на Австралија и да ги запира чамците со бегалци што се обидуваат да дојдат до нејзиниот брег, јави ДПА.
Овој коментар на Абот доаѓа по снимката на удавеното тригодишно момче на турскиот брег, која го шокираше светот.
– Доколку сакате да ги запрете смртните случаи, ако сакате да го спречите давењето, треба да ги спречите бордовите – изјави Абот за телевизијата „Еј-Би-Си“.
– Вчера на ТВ-екраните видовме многу тажна, мачна глетка на деца трагично загинати во море при нелегална емиграција. За среќа, го запревме тоа во Австралија, затоа што ги запревме незаконските бродови. Им рековме на превозниците: шверцот се затвора. Доколку сакате луѓето да останат безбедни треба да ја запрете нелегалната емиграција и точно тоа и го направивме ние – изјави премиерот на Австралија.
Строгите мерки на Австралија за запирање на бродовите со бегалци вклучуваат користење и на австралиската војска за враќање во нивната земја на потекло. Емигрантите, кои биле пронајдени во океанот во последните две години се држат во центри во Науру и на островот Манос во Папуа Нова Гвинеа.
Австралиската Влада наложи ознака на врвна тајна за условите на живот во тие центри и законски предвидува две години затвор за секој нивни вработен, кој ќе прозбори за условите во овие центри, пренесува ДПА.
Владата соопштува дека емиграните од тие кампови никогаш нема да влезат во Австралија туку ќе бидат враќани во земјите на потекло или населувани во Камбоџа или во Папуа Нова Гвинеа.
Оваа сурова политика драстично го намали бројот на бродови со мигранти во последните две години, но донесе големи критики од меѓународната јавност, ообјаснува ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти