Цветан Цветанов, возачот на камионот-ладилник, во кој беа пронајдени телата на 71 мигрант, на суд изјави дека не знае дека во херметички затвореното возило превезувал луѓе.
Тој на сослушувањето во бугарскиот суд негираше дека имал какви било сознанија за товарот што го превезувал.
На Цветанов му е продолжен притворот, а уште пет мажи, четворица Бугари и Авганистанец, пртворени се во Унгарија во врска со овој случај.
На 27 август во камион-ладинлник оставен на автопат во Австрија беа пронајдени телата на 71 мигрант. Меѓу жртвите имаше четири деца, а државното обвинителство на оваа земја треба да ги соопшти резултатите од обдукцијата на жртвите, кои, најверојатно, починале од задушување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.