| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарци протестираа во поддршка на емигрантите

budapest protest immiМеѓу две илјади и три илјади лица присуствуваа синоќа на протестите во центарот на Будимпешта во знак на поддршка на бегалците, а против мерките кои унгарската Влада планира да ги воведе.

Протестниот марш, во организација на групата „Помош на мигрантите“, почна пред железничката станица Њугати и продолжи кон плоштадот Лајош Кошут во близина на Парламентот.

Учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше „Не во мое име“, со што го искажаа своето несогласување со мерките кои планира да ги воведе унгарската Влада, а кои меѓу другото, вклучуваат испраќање војска на границата, криминализација на илегалниот влез во земјата и воспоставување транзитни зони покрај границата со Србија.

Активистката Зузана Зогар во говорот на плоштадот рече дека групата „Помош на мигрантите“ бара од Парламентот на гласањето следната недела да не ги усвои „44 страници нехуманост“ и да го повлече предлогот од процедура.

– Наместо тоа потребни се добро осмислени и ефикасни закони, рече Зогар и побара Унгарија да го усвои системот на квоти кои го предлага Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top