Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека кризата со бегалците во Европа била целосно очекувана, пренесува Тасс.
– Сметам дека тоа е една целосно очекувана криза. Ние во Русија, вклучувајќи ме и мене, рековме дека ќе има големи проблеми доколку нашите таканаречени западни партнери водат толку погрешна политика, особено надворешна политика, во регионите на муслиманскиот свет, во регионите на Блискиот Исток и Северна Африка. Тие продолжуваат да водат таква политика – изјави Путин пред новинарите во Владивосток.
– За каква политика станува збор? Станува збор за наметнување на сопствените страндарди, без да се земат предвид историските, религиозните, националните, културните особености во тие региони. Тоа е, пред сè, политика на нашите американски партнери – оцени рускиот претседател.
Путин изјави дека е изненаден од тоа што американските медиуми ја критикуваат Европа за лош однос кон емигрантите, додека САД се тие што го предизвикаа тој проблем.
– Јас со чудење гледам како некои американски средства за масовно информирање ја критикуваат Европа за прекумерната, според нив, жестина кон емигрантите – рече Путин. Тој нагласува дека САД не се толку погодени од емиграцискиот поток, додека Европа „слепо ги следи американските упатства“, и поради тоа многу повеќе страда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти



