Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво изразува загриженост за состојбите, стандардите и условите во воспитно-поправниот дом Тетово, кој што се воочени од страна на Народниот правобранител. Советот сугерира за итно формирање на совети во општините, поголема примена на вонсудските постапки како медијација и мерките за одвраќање, почитување на правото на детето на бранител во полициска постапка во присуство на адвокат и користење на бесплатна правна помош од страна на Центарот за социјална работа, како и лекување на децата корисници на дроги сместени во воспитно-поправни домови.
Ова го истакна претседателката на Државниот совет Невена Петровска презентирајќи го годишниот Извештај пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Од 84 општини во Македонија само во 17 се формирани локални совети за превенција на малолетничко престапништво, додека само четири од нив доставиле извештај до Државниот совет.
– Превенцијата мора да се спушти на локално ниво. Секоја општина има свои специфики на живеење, на ризични фактори. Секоја општина треба да се грижи за сопствените деца – рече Петровска.
Лани судовите само за две деца пресудиле казна затвор, а спрема 4 отсто од децата заводска мерка.
– Се оди пред се на применување на заштитни превентивни воспитни мерки, а во крајни услови лишување од слобода – вели таа. На 19 деца им е изречена мерка притвор.
Во 2014 година бројот на деца во ризик кои се упатени во центрите за социјална работа од страна на институции и поединци е зголемен за 52 отсто.
– Ова не упатува дека Законот за правда на децата подобро се имплементира бидејќи упатува на меѓусекторска и меѓуинституционална известеност – рече Петровска.
Според неа, училиштата, полицијата и обвинителството рано ги препознаваат и идентификуваат децата кои се наоѓаат во ризик и ги упатуваат во центрите за социјална работа. За тоа говори и зголемувањето за 48 отсто на бројот на известувања до центрите за социјална работа.
– Од друга страна во стагнација е бројот на деца во судир со законот според извештаите на МВР – рече Петровска.
Има 798 поднесени барања за прекршочна постапка за 1.274 деца. – Тоа значи дека МВР за 37 отсто од децата успешно спровела постапка за посредување. Целта на Законот за правда на децата е да имаме вонсудско решавање на постапките, брз влез и излез на деца во системот, да нема судски постапки. Добро е што отпочната оваа постапка, ама апелираме таа да се применува повеќе – изјави таа.
Бројот на децат жртви на кривични дела, според податоците е речиси идентичен како минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст