Собраниската комисија за прашања на избори и именувања попладнево ќе одржи седница на која треба да ги утврди членовите на испразнетите места во собраниските комисии и тела по враќањето на опозицијата во Парламентот. Исто така, на седницата се очекува да биде прифатен и предлогот за потпретседател на Собранието на Република Македонија.
Од кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека седницата за прифаќање на одлуките што денеска ќе ги донесе Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе бидат на дневен ред на седница што ќе се одржи утре.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за утре закажа продолжение на четвртата седница на која треба да биде констатирано повлекувањето на оставките од страна на опозициите пратеници
Буџетскиот совет на денешната седница го прифати предлогот пратеничката група составена од претставници на СДСМ, НСДП, ЛДП и ПДТ да добие шест надворешни соработници. Како што објасни претседателот на Буџетскиот совет пратеникот Рафиз Алити, секоја пратеничка група и независните пратеници имаат право да ангажираат надворешни соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.