Македонските уметници Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе изложат нов заеднички проект и нови самостојни дела во рамки на овогодинашното издание на меѓународниот Саем за современа уметност „ARTINTERNATIONAL“.
Саемот, кој ќе се одржи од 4 до 6 септември, веќе потврден со силни меѓународни признанија, по трет пат ќе ги претстави водечките меѓународни и локални галерии.
Иваноска и Чаловски ќе се претстават со делото „Uprоoted“ (Одкоренето). Нивниот избор на материјали и визуелни референци произлегува од интердисциплинарната практика на критичко истражување. Изработено во доминантна монохромна палета, делото метафорично ја поврзува антропологијата на производство на ленена ткаенина и дикертниот процес на одкоренување на стеблото со личното соочување со тој процес.
Во делото авторите се навраќаат на списите на филозофот, политичка активистка и мистик Симон Вејл (Simone Weil, 1909-1943) како и на апстрактните дела на шведската уметница и мистик Хилма аф Клинт (Hilma af Klint, 1862-1944) со намера да го насочат нашето внимание кон тековниот социо-политички контекст на претстојната бегалска криза во Европа.
„Егзистенцијалното, суптилно притаено во истражувањето, дава придонес во делото каде Иваноска и Чаловски прават симбиоза меѓу духовното, пишаното и сликарското. Конечниот резултат е доживување на широко поле во кое може да сме вкоренети и загубени, во исто време. Делото е придружено со серија на одделни дела изработени на хартија и дрво кои се претставени како автономни дела во оваа поставка“, пишува во објаснувањето на делото на Чаловски и Ивановка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел