| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија нема проблеми со мигранти; постави 20 километри гранична ограда

bugarija ograda granicaБугарија нема потреба за преземање на итни мерки, бидејќи со моменталниот прилив на бегалци Бугарија може да се справи, посочи заменик претседателката на бугарската влада Меглена Кунева. 95 проценти од мигрантите што пристигнуваат во Бугарија, во најголем дел од Сирија, Авганистан и Ирак, ги исполнуваат условите за добивање на бегалски статус.

Бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова нагласи дека е завршена изградбата на 20 километри ограда кај селото Лесово на границата со Турција. Вкупната должина на оградата ќе биде 130 километри. Според неа бугарските власти разгледуваат можност за отворање на нови шест центри за регистрирање на бегалци. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top