Бројот на бегалци што стигнале до Централна и до Западна Европа преку Балканот е зголемен за најмалку шестпати од јуни, изјави еврокомесарот за проширување и политика на соседство Јоханес Хан. Во интервју за телевизија „Евроњуз“, Хан нагласува дека тоа не е проблем на Балканот:
-Земјите од Западен Балкан се само транзитна територија, нагласи тој. ЕУ им даде соодветна помош, доделувајќи по 1,5 милион евра дополнителни средства на Србија и Македонија за обезбедување привремено прибежиште на емигрантите – вели Хан.
ЕУ се надева дека државите од регионот ќе станат дел од паневропското семејство, истакна Хан, додавајќи дека бегалската криза нема да влијае на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.