Заменик-претседателката на бугарската влада Меглена Кунева вчера изјави дека нема потреба за преземање итни мерки бидејќи Бугарија може да излезе на крај со моментниот прилив на бегалци.
Бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова изјави дека 95 проценти од емигрантите што пристигнуваат во Бугарија, во најголем дел од Сирија, Авганистан и од Ирак, ги исполнуваат условите за добивање бегалски статус, јави БТА.
Бачварова нагласи дека е завршена изградбата на 20 километри ограда кај селото Лесово на границата со Турција. Вкупната должина на оградата ќе биде 130 километри.
Според Бачварова, бугарските власти разгледуваат можност за отворање шест нови центри за регистрирање бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЕУ одобри 30 милиони евра помош за Македонија и Србија за бегалците
-
Димитриев: Република Македонија е дел од решението за мигрантската криза
-
Бегалски кампови нема да дозволиме: На Македонија ѝ е потребна помош за да ви помогне вам
-
ЕУ итно и додели 108 милиони евра на Бугарија за справување со бегалската криза