Порталот licitEncounters.com спровел истражување чии резултати покажале како мажите се најчесто склони кон прељуба на туѓите венчавки.
Во анкетата спроведувале 2.000 испитаници,а се испоставило дека кочниците и моралните принципи на посилниот пол, попуштаат на туѓа свадба на која отишле без својата партнерка. Судејќи според испитувањето, тоа ќе го направат 32% од мажите.
Анкетата дала податоци и дека 27% од мажите ќе бидат неверни на својата ергенска вечер, 21% на божиќна прослава и 9% на годишнина од матура.
Освен тоа, се покажало дека 37% од жените биле уверени дека партнерите најчесто ги изневеруваат на божиќните прослави, додека 35% од испитаниците мислеле дека партнерот ќе ги изневери на ергенската вечер.
За 17% од жените проблематично е собирањето за годишнина од матура, а само 11% од жените заклучиле дека најголеми шанси партнерот да ги изневери се на туѓа свадба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.