| четврток, 6 декември 2018 |

Покрај руска нуклеарна централа е пронајдено мистериозно суштество

Ситното тело со издолжен череп и канџи на нозете, кое неодоливо потсетува на вонземјанин од научно-фантастичните филмови, е пронајдено во Русија. Откриеното мистериозно суштество ги збуни научниците, но не и НЛО ентузијастите кои, секако, имаат одговор.

Телото на малото суштество го пронашле двајца жители на Соснови Бор, руско градче во кое во 1950 година била направена нуклеарна централа која го снабдувала со електрична енергија тогашниот Ленинград.

Првичната теорија, според која се сметало дека откритието не е ништо друго туку ембрион од пиле, научниците брзо ја отфрлиле.

„Ова непознато суштество има градба на телото која не потсетува ниту на птица, ниту на риба. Има чуден череп, нема врат, како ни крила“, изјавил еден од научниците.

Јегор Задерев, биолог од Институтот за биофизика во Краснојарск, исто така вели дека не може да ја одгатне оваа загатка. „Потребни се обемни студии за да утврдиме за какво суштество се работи“, рекол тој.

Како и да е, ловците на вонземјани тврдат дека имаат одговор.

Скот Варинг, уредник на популарен магазин за вонземјани, тврди дека тоа што ова суштество нема никакви сличности со било кој познат облик од животот на Земјата е доволен доказ дека станува збор за вонземјанин.

„Руските научници токму затоа се збунети, затоа што никогаш во животот не виделе нешто слично. Ќе ги почекаме резултатите од ДНК анализата, па ќе дознаеме“, заклучил Варинг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top