| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил влетал во огнените јазици на патот Куманово-Свети Николе: Две лица повредени

Огнената стихија која се случи меѓу светиниколските села Ѓуганци и Павлешинци пеплоса над 100 хектари шума, предизвика сообраќајна несреќа во која три лица се повредени, а едно возило е опожарено. Поради големите пламени јазици кои веќе преминувале преку регионалниот пат Свети Николе-Куманово и густиот чад две возила, од кои едното од Куманово, а второт од Свети Николе директно се судриле. Во несреќата едно лице е со потешки повреди, а две лица се со полесни повреди, кои се хоспитализирани во Болницата во Куманово. Радовишанецот, Александар Постолов чие возило е опожарено вели дека глетката да се поминува низ оган е страшна, а откако го поминал огнените јазици, возилото се запалило.

Во гансењето на пожарот вклучени се канадери, над 40 пожарникари Свети Николе и Куманово, доброволци и вработени од повеќе институции. Командирот на противпожарната единица, Зоран Трајчев вели дека оваа година ова е прв поголем пожар во светиниколско.

Пожарникарите успеале да спасат и една викенд куќа во близина на селото Павлешинци, а мештаните и вработените во земјоделската задруга не дозволиле да се прошири кон населените места.

Командирот на светниколската противпожарна единица, Трајчев апелира инспекторите да излезат на терен и да почнат со казнување на несовесните земјоделци кои ги палат стрништата на овие високи температури и суша. Ова е една од најголемите огнени стихии кои се случија во овој регион во кој изгореа 100 хектари шума и сува трева, три лица се повредени, а едно возило е опожарено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top