Русија ја почна воената интервенција во Сирија распоредувајќи борбени летала со кои ќе го почне нападот на позициите на Исламската држава и бунтовниците. Руските пилоти на борбените авиони и хеликоптери почнуваат да пристигнуваат во Сирија во следниве неколку дена, објави порталот „Ynet“.
Според зборовите на западните дипломати, руската експедиција веќе стигнала во Сирија и се сместила во воздушна база која е под контрола на претседателот Башар ел-Асад.
Базата, како што се наведува, се наоѓа во околината на Дамаск и ќе им служи на Русите како оперативна база. Во следните недели илјадници припадници на руските воени сили ќе стигнат во Сирија, вклучувајќи и советници, инструктори, техничари и пилоти.
Во моментов нема конкретни податоци за составот на контингентот, но Русија и порано преговараше за продажба на повеќенаменски MiG-ови 29 и напредните авиони за тренинг Yak-130, кои можат да и служат и за борба.
„Ynet“ пишува дека нема сомневање оти руските пилоти ќе влијаат на постоечката динамика на блискоисточните судири. Официјално, Русија нема офанзивни намери кон Израел и другите држави, а главна цел на разместувањето на леталата е задржување на Асад на власт и борба против Исламската држава.
Дипломатските извори тврдат дека Русија и Иран неодамна донеле стратешка одлука со која ќе сторат се за да го спречат ширењето и инфилтрацијата на Исламаската држава и други исламисти на подрачјето на поранешните советски република со музлиманско мнозинство.
Американската администрација е целосно свесна за руските намери за директна интервенција во Сирија, иако сеуште официјално не реагирала.
Обама од неодамна е воздржан во повиците за рушење на режимот на Асад, иако САД изведува воздушни напшади за да ги заштити бунтовниците против кои ќе се борат руските сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.