| четврток, 6 декември 2018 |

Лајчак: Поради мигрантите се распадна шенгенскиот систем

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак, изјави денеска дека се поткопани темелите на еден од клучните столбови на Европската унија, а тоа е слободното движење.

– Де факто, Шенген се распадна. Мигрантите апсолутно слободно преминуваат на територија на држава која е одговорна за заштита на шенгенскиот систем. Во нормални околности тешко дека ќе дојдат до шенген виза, но сега десетици илјади луѓе доаѓаат тука без какви било проверки. Значи, имаме ли Шенген или не – запраша Лајчак.

Словачката влада предлага не само постојана заштита за шенген границите, туку и анализа на прашањата за причините за миграцијата и проблемот со криумчарење.

Лајчак додаде дека квотите за распоредување бегалци не се пат за решение на проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top