Министерството за одбрана денеска го објави Решението за избор и прием на професионални војници во специјалните единици и другите родови во Армијата.
Како што објави министерот за одбрана, Зоран Јолевски уште на почетокот на оваа година, во текот на 2015 година ќе бидат примени нови 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија.
– Денеска го објавуваме решението за прием на првите 125 кандидати, со напомена дека вториот конкурс за прием на останатите 125 војници ќе биде објавен наскоро – стои во денешното соопштение од Министерството за одбрана.
Од моментот на објавување на конкурсот, се посочува во соопштението, новите професионални војници поминале низ ригорозен процесот на селекција кој прв пат опфаќал и 24 дневен селективен курс организиран и воден од припадниците на полкот за Специјални операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.