Грчката преодна влада ќе донесе мерки за подобрување на условите за десетици илјади бегалци и мигранти, кои пристигнуваат на грчките острови во источниот дел на земјата, како и за жителите на островите, изјави денеска министерот за миграциска политика, Јанис Музалас.
Според него, мерките наскоро ќе бидат објавени, а се очекува да се обезбедат подобри услови како за бегалците, така и за жителите на островите кои се соочени со проблеми.
– Проблемот е многу голем. Јас сум оптимист дека може да се избегне кризата – истакна Музалас.
По состанокот со грчката премиерка Василики Тану, министерот Музалас нагласи дека е неопходна интервенција од ЕУ и ОН.
Од почетокот на оваа година во Грција пристигнале повеќе од 200.000 мигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.