| четврток, 6 декември 2018 |

По 30 илјади денари за секој ерген над 40 години во Неготино, ако реши да се жени

Ванчо Апостолов, градоначачникот на општина Неготино планира да го зголеми наталитетот во општината, но и бројот на лица кои ќе оформат семејство.

negotino gradonacalnik

 

Градоначалникот Апостолов информираше дека на првата наредна седница на Советот на општина Неготино на разгледување и усвојување пред советниците ќе достави предлог на секој ерген од општина Неготино на возраст над 40 години кој првпат ќе стапи во брак, од општинскиот буџет да му бидат доделувани средства во висина од 30.000 денари. Градоначалникот се надева дека и оваа предлог-мерка ќе биде усвоена и со спроведувањето на истата ќе се придонесе за зголемување на бројот на новооформени семејства, а аналогно на тоа и на зголемувањето на бројот на новородени деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top