| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирани 18 турски државјани во Багдад

Засега непознати маскирани лица, облечени во воени униформи киднапирале најмалку 18 турски работници и инженери во Багдад, соопштија официјални лица.

45474260355e6a8bda751b259914697_v4_big

Агенциите јавија за исчезнување на 16 работници, но директорот на фирмата за која работат работниците изјвил за „Ројтерс“ дека биле киднапирани 18 лица.

– Луѓе облечени во воени униформи ја турнаа вратата и во три часот наутро ги киднапираа луѓето. Тие беа ангажирани за изградба на фудбалскиот стадион во областа Садр Сити, северно од Багдад – изјави директорот на компанијата „Нурол“, Угур Доган.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top