| четврток, 6 декември 2018 |

Товарниот брод со непријавено оружје запленет на Крит е на грчка компанија

Товарниот брод со непријавено оружје, кој вчера беше запленет во близина на Крит и припаѓа на грчка компанија, јави електронското издание на „Катимерини“. Сопственикот и операторот со бродот „Хадад 1“ се регистрирани на иста адреса во Пиреја.

brod

 

Фирмата го поседувала бродот од февруари 2015 година. Постапувајќи по разузнавачки информации, грчката крајбрежна стража, придружувана од воени специјални сили, вчера го пресретна бродот и по извршената инспекција, на него пронајде контејнер со оружје. Полициски извори за „Катимерини“ изјавиле дека оружјето, било скриено меѓу пластичниот товар кој бродот легално го превезувал. Бродот денеска е закотвен на пристаништето Ираклион на Крит. Бродот „Хадад 1“, кој пловел под боливиско знаме, имал седум члена екипаж составен од Сиријци, Египјани и Индијци. Грчка антитерористичка единица ќе ја продолжи истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top