Акција за бесплатните превентивни прегледи и делење совети за заштита од топлото време ќе се спроведе на територијата на општина Аеродром на 4 и 9 септември на паркот на езерата и паркот „Јане Сандански“ во периодот од 18:30 до 21:30 часот, соопшти Општина Аеродром.
– Според општите препораки за полесно справување со високите температури, пожелно е граѓаните да консумираат здрава и свежа храна, да пијат повеќе вода, да носат лесна и светла облека и да не се излегува непотребно надвор во период од 11 до 17 часот, се вели во соопштението на општината.
Акцијата ја спроведуваат медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ во рамки на програмските активности на Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст