| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 4.000 мигранти во Пиреја

мигра

Брод со околу 1.700 мигранти и бегалци од грчкиот остров Лезбос синоќа пристигна во пристаништето Пиреја. Се очекува утрово во Пиреја да пристигне втор брод со уште 2.500 мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража.

Речиси секојдневно оваа лето на грчките острови во источниот дел на Егејско Море од Турција просечно пристигнуваа околу 1.700 мигранти. Таа бројка во август се искачи и до 2.000.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во вчерашниот телефонски разговор со францускиот колега Франсоа Оланд истакна дека прашањето со бранот беглаци треба да биде разгледан на највисоко европско ниво.

За денеска е закажана специјална седница на привремената Влада предводена од Василики Тану.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top