| четврток, 6 декември 2018 |

На повидок е пад на температурата и посвежо време

sonce-pa-dozd

На повидок има освежување од натпросечно високата температура со која го започнавме овој септември. Според Метеопро, недела е денот кој ќе ја донесе пресвртницата во метеоролошките услови. Во вториот ден од викендот се очекува нов продор на постуден воздух од север, кој со себе ќе донесе и краткотраен бран на врнежи кои ќе бидат претежно локални и релативно краткотрајни. Засега овие врнежи ги очекуваме повеќе во северната половина од земјата. Од понеделник повторно се очекува период на претежно сончево време.

Температурниот максимум во недела сѐ уште ќе има вредност над 35°С во јужниот повардарски регион, но во периодот од понеделник, максималната температура ќе биде под 30°С и во овој најтопол крај во земјава.

Се до недела ќе се задржи топлото, слободно може да се каже и жешко септемвриско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top