Мигрантската криза наскоро може да се претвори во трагедија за ЕУ заради дел од државите членки и нивните одлуки да не прифаќаат бегалци кои не се христијани.
Чешка, Естонија, Полска, Словачка и Бугарија преку своите влади јасно ставија до знаење дека не сакаат бегалци- муслимани.
-Немаме ништо против муслиманите но стравуваме дека доколку уште влегуваат во нашата земја, тоа ќе ја промени демогравската слика на земјата- посочи бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Најрадикалната изјава ја даде чешкиот претседател Милош Земан кога посочи дека мигрантите со себе носат зарази, болести и дека се терористи.
Естонскиот министер за социјални прашања Маргус Чакма наведе пак, дека Естонија е Христијанска земја и дека припаѓа на христијаните.
Слична е состојбата и во Полска и во Словачка. Таму се примаат само бегалци од Сирија кои се христијани.
-Би можеле да примиме 8-00 муслимани но немаме ниедна џамија во Словачка и како би се интегрирале тие луѓе?-праша портпаролот на министерството за внатрешни работи Иван Метик.
Проблемот со овие изјави е тоа што законите кои се на сила во ЕУ јасно забрануваат било каков вид на дискриминација, било верска, сексуална или расна.
Сега се следи како во следниот период ќе се однесуваат европските држави по прашањето за бегалците, за да се види може ли бранот бегалци од африка и Блискиот Исток да ги разнишаат темелите на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)