| четврток, 6 декември 2018 |

Активисти од Србија и Унгарија ја пресекоа оградата од бодликава жица

ograda madzarskaАктивисти од Србија и Унгарија ја пресекоа оградата од бодликава жица на границата меѓу двете земји.

Иницијатори на иницијативите „Не на оградите во Европа“ и „Балкански пат“ денеска симболично ја пресекоа оградата на границата меѓу Унгарија и Србија и изјавија дека во 21. век во Европа не смее да постојат огради.

Милица Манчоќ, новинар и преведувачка од Белград, иницијатор на иницијативата „Не на оградите во Европа“ изјави дека ѕидовите меѓу државите се симбол на омразата, на поделбите меѓу луѓето и се антиевропски.

– Кој тука се оградува? Дали Србија е во логор или Унгарија е во логор, целата таа ограда потсетува на логор? Неодамнешната смрт на 71 бегалец е последица на политиката, која ја одобри таа ограда, истакна Манчиќ.

Ѓорги Какук, новинар и политичар од Будимпешта, автор на проектот „Балкански патишта“ изјави дека оградата треба да исчезне.

– Доколку со бегалците се однесуваме како со животни, всушност ние се претвораме во животни. Да ја спречиме таа лудост, да покажеме солидарност, изјави Какук.

Тој додаде дека светот наместо да става огради треба да стори се за да се спречат војните во земјите, од кои доаѓаат бегалците.

Акцијата беше спроведена денеска на местото, каде железничката линија Хоргош-Сегед преминува од Србија во Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top