Вистинска паника настана во Србија откако беше соопштено дека од Центарот за винарство и овоштарство во Ниш е украдена отровна ракија од која во деведесеттите години од минатиот век починале 43 луѓе.
Ракијата била украдена минатиот викенд кога непознати крадци провалиле во центарот и украле поголема количина од отровната ракија „зозовача“, која била произведена од претпријатието „Живадиновиќ“.
Во 1997 година и во 1998 година од таа ракија починале 43 луѓе, а 13 други кои ја консумирале и ден-денес имаат големи здравствени проблеми. Сопственикот на фирмата што ја произвела ракијата купил 2.300 килограми отровен метил алкохол. Од таа количина произвел 7.400 литри ракија, која содржела меѓу 40 и 70 проценти отровен метанол. Шишињата со ракија кои тогаш биле запленети се чувале во магацинот затоа што биле опасни за здравјето на луѓето.
Полицијата се сомнева дека крадците ќе се обидат да ја продадат ракијата на пазар или во приватни продавници во Ниш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Моќен пијалак што штити од болести: Ракијата ги лекува овие 10 здравствени проблеми!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)


