| четврток, 6 декември 2018 |

Советот на Скопје дозволи да се градат Шпанските скали на плоштадот „Македонија“

parcelaplostad(1)
Советот на Град Скопје ѝ дозволи на фирмата „Амадеус девелопмент Скопје“ да ги гради надворешните скалила на дел од плоштадот „Македонија“. Овој проект во јавноста е познат како „Шпански скали“ и ќе се гради на просторот до стоковната куќа „Сити галери“ со поглед кон фонтаната. Фирмата „Амадеус девелопмент Скопје“ е сопственик на парцелата на плоштадот.

Од Градот Скопје велат дека реализацијата на овој објект ќе придонесе за надополнување на функционалноста на просторот, реализација на деталниот план и негово идентификување, како и атрактивност на просторот.

– Во рамките на овој проект Градот Скопје нема финансиски импликации во поглед на изградба на партерен дел – надворешни скали на дел од плоштадот „Македонија“ од причини што инвеститорот ја презема обврската на своја сметка да ги изгради – се вели во образложението на одлуката на Советот.
На 17 август фирмата доставила барање до градската власт за право на градење.
Во образложението до Советот се објаснува дека заедно со барањето инвеститорот доставил и проектна документација, а Градот утврдил дека сѐ е во согласност со урбанистичкиот план за наведената локација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top