| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Ако договорот не се исполни до крај, ќе биде невалиден

zaev-08-juni-3
Со влегувањето во Собранието, СДСМ и опозицијата ја потврдуваат сериозната определба да се надмине политичката криза, да се вратат демократските процеси и да се нормализира државата. Ова се целите од кои нема да отстапиме.

Ова денеска го нагласи претседателот на СДСМ, Заев откако пратениците од опозицијата по година и три месеци се вратија во Собранието. Со ова, рече Заев, потврдуваме дека го почитуваме договорот од 2 јуни и 15 јули годинава. Очекуваме, укажа меѓу другото, имплементација на препораките согласно извештајот од Прибе, и паралелно спроведување на поглавјата 23 и 24, пред се за севкупните слободи.

– До 15 септември да се избере специјалниот јавен обвинител, до 20 октомври да се избере преодна влада, да се направат потребните законски измени за правосудството, изборното законодавство, целосно нов Избирачки список, во медиумската сфера, да ја изгласаат оставката на Никола Груевски од премиерската функција, да се избере нов премиер, кој со новите министри и заменици од редовите на опозицијата ќе мора да обезбедат гаранции за фер и демократски избори, изјави Заев.

Тој информира дека денеска се подготвува документацијата за повлекување на сите поднесени оставки од пратениците од опозицијата, а за попладнево во 14 часот, најави, пратеничката група е поканети на координација.

На новинарско прашање дали СДСМ ќе учествува на изборит ена 24 април, Заев дециден дека ако договорот не биде исполнет до крај, за СДСМ ќе биде невалиден.

– Најважната работа за нас е во целиот период до изборите да се вратат во нормала институциите на системот, а како нус продукт на крајот да бидат слободни, фер и регуларни избори, рече претседателот на СДСМ.

Ако до 15 септември не се избере специјалниот обвинител дали повторно опозицијата ќе излезе од парламентот, Заев рече дека во таков случај ќе биде донесена одлука, која јавно ќе биде соопштена, но сите опции се отворени.

– Ако немаме по закон кому да ги предадеме доказите кои се државна сопственост, а истовремено ако не ги предадеме на институциите сме должни јавно да ги соопштиме, ќе продолжиме да ги соопштуваме јавно, појасни тој, додавајќи дека заедно со сите доказни материјали кои треба да се предадат на специјалниот обвинител се и оние поврзани со „Монструм“.

Заев одговарајќи на новинарско прашање истакна дека до него нема пристигнато никакво барање или понуди од страна на власта да нема кривични пријави се до одржување на изборите.

– Специјалниот јавен обвинител е избран како формулација која мора да биде инкорпорирана во законодавството во Македонија, согласно Уставот, за да може веднаш да делува за се што има инкриминирачки процеси. И против Заев со „Пуч“, но и против носителите на високи функции на чело со Груевски, изјави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top