| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија под МКД на Евробаскет, но Грците повторно мешаат политика и спорт

mkd-basket

На официјалната интернет-страница на Евробаскет 2015 Македонија е запишана под кратенката МКД, не под референцата ФИРОМ.
Евробаскетот почнува за четири дена, а македонската кошаркарска репрезентација првиот меч го игра против нашиот јужен сосед и тоа на 5 семптеври во Загреб.

Пред меѓусебниот дуел Грците се обидуваат со сите сили да испровоцираат, па како многупати досега, се бунат за третманот кој Македонија го добива од ФИБА.

Makedonija-kosarka-2-615x400

Имено, македонската кошаркарска репрезентација на официјалната интернет-страница на Евробаскет 2015 е запишана под кратенката МКД, а не под референцата ФИРОМ, објави Канал 5.

„Фаул од ФИБА“, „Гаф на ФИБА“, се дел од написите во грчките медиуми.

-Масло на огнот фрли ФИБА пред дуелот помеѓу Грција и Македонија со грешката за која сѐ уште не е утврдено дали е намерна или не, пишува спортскиот портал Сентра гол, а пренесува Канал 5.

Засега вакви реакции има само на интернет-порталите и нема реакција од официјална Атина, нешто што според искуството може да се очекува.

Македонија и Грција играат на 5 септември (сабота) со почеток во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top