| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Будимпешта: Емигрантите ја „окупираа“ железничката станица, откажани сите возови кон Австрија и кон Германија (видео)

Ужасна глетка стигнува од Унгарија, во која, како и во другите земји што се наоѓаат на трасата на емаигрантите кон западна Европа, владее целосен хаос. Ситуацијата на железничката станица во Будимпешта најдообро ја илустрира големата бегалска криза што ја тресе Европа.

Имено, оттаму се откажани сите возови кон Германија и кон Австрија , а „Ројтерс“ јави дека стотина гневни емигранти демонстрирале барајќи повторно да се отвори станицата и да им се овозможи да отпатуваат во Германија.

Емигрантите мавтале со картите, плескале и викале скандирајќи „Германија, Германија“, а полицијата формирала кордон на влезот во станицата, известува новинарот на британската агенција.

Тоа предизвикало целосен хаос и огромен метеж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top