Интернационалниот фимски фестивал „Браќа Манаки“ и официјалниот партнер „Вип оператор“ ги избраа најдобрите четири предлози за проектот „Манаки скрипт лаб“.
Тоа се „237 години“ од Јоана Мишје, Романија, „Пилула #1618“ од Доманте Урмонаите, Литванија, „Ноќ и мед“ од Јоав Нетанјаху, Израел и „Полноќен воз“ од Ана Јакимска, Македонија.
На програмата за сценарија од автори од цела Европа пристигнале повеќе од 10 пријави.
– Покрај обемноста и квалитетот на годинашните пријави, избравме четири сценарија кои ќе се развиваат во рамки на програмата „Манаки скрипт лаб“, во периодот од 22 до 25 септември, за време на 36.издание на фестивалот. Станува збор за четиридневна интензивна работилница за развој на сценарио заедно со Надја Димушел, скрипт-доктор со интернационално искуство и експерт од „Торино филм лаб“. Работилницата е резултат на соработката помеѓу фестивалот „Браќа Манаки“, Агенцијата за филм на Република Македонија и интернационалната лабораторија и филмски фонд „Торино филм лаб“. Официјален јазик на „Манаки скрипт лаб“ е англискиот. Најдоброто избрано сценарио ќе добие парична награда во износ од 1000 евра – информираат од ИФФК „Браќа Манаки“.
Наградата биде доделена на церемонијата на затворањето на фестивалот, на 27 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст