Синот на прославениот Формула 1 пилот и седумкратен шампион, Михаел Шумахер, 16-годишниот Мик, би можел наскоро да стане најмладиот возач во најбрзиот циркус во историјата.
Уште на првата трка во Ф4, на патеката во Ошерслеб, Мик Шумахер славеше победа. Во наредните трки тој не се искачи на победничкиот подиум, но во седум од досегашните 18 трки освои поени и моментно е на 13.место во вкупниот поредок, а до крајот на сезоната остнуваат уште шест трки.
Веднаш по своето деби во Ф4 се отворија дискусиите дали Мик ќе продолжи по стапките на својот татко кој се опоравува по тешката повреда здобиена на скијање, и еден ден ќе почне да се натпреварува во трките од Формула 1. Многумина прогнозираат дека тој момент и не е така далеку.
Марк Верстапен кој е една година постар од Мик Шумахер и веќе се натпреварува во Ф1, го повика Германецот на крајот од сезоната да ја напушти Ф4 и да се префрли во Ф3.
– На Мик не би му советувал да остане уште една сезона во Ф4. За него тоа би било губење време бидејќи таму нема да научи многу за аеродинамиката. Во следната сеозна мора да се пресели во Формула 3. Мик е амбициозен и во Ф3 ќе научи многу повеќе. А, верувам и дека многу скоро, ќе се сретнуваме со Мик и во трките од Формула 1 – вели Верстапен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.