| четврток, 6 декември 2018 |

За Бикот Лос Анџелес, за Ракот Париз – идеалните градови за живеење на хороскопските знаци

На секој хороскопски знак му одговара поинаков град за живење, во зависност од неговите карактеристики. За Раковите идеален е Париз, за Водолиите Хонгконг, а за Биковите Лос Анџелес.

За енергичниот Овен, најдобар избор е Лас Вегас

Припадниците на овој знак имаат силен натпреварувачки дух и водат енергичен живот. Секој ден бараат ново возбудување и место, кое ќе ги задоволи нивните авантуристички потреби. Затоа најмногу им одговара живот во поголеми градови како што се Лас Вегас и Краков.

Бикот сака престиж, а тоа му го нуди Лос Анџелес

Водени од парите и од славата, припадниците на овој знак ја сакаат моќта, па затоа им одговара животот во местата што со себе носат и одреден престиж. Нивниот град од соништата е, секако, Лос Анџелес, а нивниот глад за добра храна ќе им го задоволи Палермо или Монте Карло.4-Njujork-kakov-shto-ne-ste-go-videle-dosega-www.kafepauza

Њујорк е дом од соништата за Близнаците

Близнаците, исто како и Овните, блискаат со енергија и им треба место кое секојдневно ќе им дава предизвици. Припадниците на овој знак се љубопитни и сакаат да се дружат, а сите нивни потреби може да им ги задоволат Њујорк или Лондон. Таму никогаш нема да им биде здодевно и би можеле да станат важен дел од социјалната сцена.

pariz-1

Раковите сонуваат за Париз 

Припадниците на овој знак, се вљубени во уметноста, но, пред сè, во љубовта. За нивниот истенчен вкус најдобар избор е Париз, кој е дом на некои од најдобрите музеи, галерии и романтички агли. Покрај за француската престолнина, тие сонуваат и да ја истажат Венеција.

На Лавовите најмногу им одговара Барселона  

Моќни, креативни и театрални. Припадниците на овој знак не можат да му одолеат на убавото време, сонцето и на плажите. Нивниот град од соништата е Барселона, која покрај излежувањето на плажите, нуди и богата култура. Како свои на своето, Лавовите ќе се чувствуваат во Прага, каде што ќе дојде до израз нивната креативна страна.

Девицата најдобро ќе се чувствува во Берлин

Девиците се вредни работници и повеќе од сè сакаат ред и рутина. На перфекционистичките припадници на овој знак најмногу им одговара германската дисциплина што ја дава Берлин. Тие сакаат уредени места на кои владеат одредени правила, па патот може и да ги одведе и во францускиот град Лион.

Вагата ќе ужива во убавината на Венеција 

Шарманните и упорни припадници на овој знак се постојано во потрага за животен баланс, па животот во големите градови не е најдобар избор за нов. Потребна им е и доза природа што ќе внесе хармонија во големите градови со бетонски градби, па затоа по нивна мера е Венеција, Копенхаген или, пак, Лисабон.

venecija

Чикаго за силната Скорпија 

Припадниците на овој знак се упорни, мистериозни и посакуваат живот во град кој ја одржува нивната личност. Нив им е потребно место во кое постојано ќе се случува нешто, но и ќе има прекрасна природа. Идеален град за скорпиите е Чикаго, но и ќе се задоволи со Њу Орлеанс.

На Стрелците целиот свет им е град од соништата

Слично како и Овните и Близнаците, стрелците се авантуристи. Ниту еден град не им одговара во целост затоа што не можат долго да се задржат на едно место. Најмногу им одговара добрата вибрација на Рим, поради спојот на историјата и модерниот стил на живот. Добро ќе му дојде и во Будимпешта и во Неапол.

St. Stephen's Cathedral in Budapest

Јарецот се гледа во Мексико Сити

Упорни, амбициозни и практични припадници  на овој знак ги сакаат градовите што ја задоволуваат нивната постојана желба за културно воздигнување. Најдобро место за нив е Мексико Сити, Солт Лејк Сити или Оксфорд затоа што изобилуваат со театри, активности и даваат можност за напредок.

Водолијата сонува за Хонгконг

Припадниците на овој знак се полни со оригинални идеи, но нивната креативност е позната надалеку. Бараат место за живот што ќе им овозможи уште повеќе да се развиваат, што постојано ќе им нуди предизвици и околности за запознавање на различни култури. Совршени градови за нив се Хонгконг или Москва.

Рибите слободата ја наоѓаат во Фиренца

Чувствителните риби не се создадени за големи градово во кои постојано се брза. Ним најдобро ќе им одговараат мирни градови со богата историја каде што нивната романтична страна може да дојде до израз. Нивни град од соништата е Фиренца, но и слободниот дух еднакво би се снашол во Севилја и во Варшава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top