Македонија досега се јавила како организатор на многубројни натпревари и настани за велосипедизам, но „Балкан бајк фестивал“ е единствен на Балканот од ваков вид. „Скопје сити мол“ оваа година ќе биде домаќин на вториот „Балкан бајк фестивал“, Маседониа екс-трим 2015, од 18 до 20 септември, ФМБ Силвер, настан кој сам по себе ќе биде интересен за најмалите и за големите, за љубителите на велосипедизмот, но и за оние зависните од адреналински случувања.
Натпреварувањата ќе бидат отворени за сите натпреварувачи од сите земји. УЦИ Ц2 ХЦО рејс, ФМБ Ворлд тур силвер евент, Маседониа опен БМХ шемпионшип 2015, ХЦМ маратон рејс се предизвиците во кои сите љубители на велосипеди и велоспедизам, натпреварување и адреналин ќе си ги одмерат силите на вториот по ред „Балкан бајк фестивал“.
Вредните награди за сите победници во сите категории се она што е дополнителен предизвик за сите професионалци и аматери кои се пријавија или планираат допрва да го сторат истото.
Фестивалот ќе има богата програма во склоп на која, првата точка со која ќе се отвори настанот во петок попладне (18.09) ќе вклучува акробации од страна на „Севиџ скилс“, тимот за акробации од Велика Британија во слободен стил за планински велосипедизам. Настанот ќе биде пренесуван во живо на националните телевизии, а истиот ќе се емитува во живо и на Интернет. По акробациите, ќе следува и BMX натпреварот.
За време на вториот ден ќе се оддржи рекреативниот маратон кој ќе започне рано изутрина на градскиот плоштад и ќе продолжи на падините на Водно. Попладнето е резервирано за BMX финалето, а вечерта ќе започне финалето на ФМВ Ворлд тур силвер евент. Квалификациите ќе бидат организирани изутрина. Сите натпреварувачи ќе се вклучат во бројни активности, како јавни дебати, избор на најубави и најдобро опремени велосипеди, наградувања, итн.
Третиот ден, во 11 часот наутро на врвот на Водно ќе започне УЦИ ХЦО Ц2 трката. Голем број на професионалци од регионот ќе се натпреваруваат за УЦИ ранг поените и квота квалификациите за Олимпијадата. Крајот на фестивалот ќе биде проследен со разновидни активности во „Скопје сити мол“ од забавен и интерактивен карактер.
Сите посетители на „Скопје сити мол“ ќе имаат можност да дознаат и нешто повеќе за за велосипедизмот и за алтернативниот туризам во Македонија и Балканот преку разновидни јавни дискусии од отворен и интерактивен каратер преку претставници на легислативни тела во Македонија и од страна на неколку невладини организации. Дополнителна интересна информација особено за најмладите е Велосипедската школа на „Скопје сити мол“, која за време на целиот настан ќе дава бесплатни совети за дечињата, како и препораки за избор на соодветен велосипед според степенот на познавање на спортот и предиспозициите на учесниците во истата.
За време на овој настан ќе бидат претставени и повеќе од 200 брендови за велосипеди кои можат да се најдат на македонскиот пазар. Се очекуваат повеќе од 100.000 посетители, а преку 200 волонтери ќе помогнат овој фестивал преку добра организација да се претвори во уникатен настан во Македонија и регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст