| четврток, 6 декември 2018 |

Жените се посклони кон бисексуализмот отколку мажите

зени

Жените се посклони кон бисексуализмот отколку мажите, открила новата студија.

Во испитувањето учествувале 9.000 млади личности, а било откриено дека жените почесто се изјаснуваат како “во поголемиот дел хетеросексуални” личности. Исто така, жените почесто го менуваат мислењето за својата сексуалност. За разлика од нив, мажите се изјаснуваат или како “100 насто хетеросексуалци” или “100 насто хомосексуалци”.

Ова би можело да значи дека женската сексуалност е пофлексибилна и поприлагодлива од машката – вели лидерката на истражувањето Елизабет Мекклинток. Студијата била направена откако голем број на познати женски личности јавно изјавија дека се бисексуалки.

Меѓу нив е и актерката Анџелина Џоли која имала афера со јапонско-американската манекенка Џени Шимизу. Супермоделката Кара Делавињ изјави дека нејзината бисексуална врска со актерката Амбер Хард не била само фаза, а се случила пред нејзиниот брак со Џони Деп.

Во студијата е следен сексуалниот живот на 5.000 жени и 4.000 мажи од нивните тинејџерски до доцните 20-ти години. Откриено е и дека младите мајки се изјаснуваат како хетеросексуални во своите 20-ти години, а неколку години подоцна како бисексуални личности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top