| четврток, 6 декември 2018 |

Државната матура ќе се полага по стар модел, законски измени од 2016 година

ucenici
Средношколците и оваа година ќе полагаат државна матура според стариот модел, а за септември 2016 година се одложени и измените на законот за високо образование.

-Во меѓувреме ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да бидат вклучени сите засегнати страни на кои се однесува законот и во заеднички консултации да се дојде до најдобрите можни решенија некаде до септември 2016 година – најави вчера при посетата на Дојран, премиерот Груевски.
И со ова изјава на претседателот на Владата уште еднаш се потврдија заложбите на Владата и на Министерството за образование и наука, за креирање на дијалог со сите вмешани страни во образовниот процес, а во насока на креирање на заеднички решенија во областа на реформи во средното и високото образование кои ќе бидат квалитетни и издржани.

Претставниците од образованието сметаат дека со одлагањето на примената на новините во овие закони се остава доволно простор за сите претставници од образованието како и на учениците и студентите со активно учество и дијалог да придонесат за изнаоѓање на најдобри решенија во ова област за која едногласни се размислувањата дека се потребни реформи.

И токму затоа, велат вработените во образованието, е потребно преку понудениот дијалог а не преку политизирање на овие реформи заеднички да се дојде до најдобрите решенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top