| четврток, 6 декември 2018 |

Алберто Морено, левиот бек на Ливерпул на радарот на Рафа Бенитез

FBL-ENG-PR-LIVERPOOL-WEST HAM

Денеска точно на полноќ завршува летниот преоден рок за фудбалери, па многу тимови се активни на пазарот.
Тренерот на Реал Мадрид Рафа Бенитез, се обидува дополнително да го засили тимот со нов лев бек, откако ова лето Фабио Коентрао замина во Монако како позајмен фудбалер.
На радарот на Шпанецот е Аберто Морено од Ливерпул кој не се наигра во тимот на Брендон Роџерс и посакува да ја смени средината. Тој има оставен добар впечаток во Примера дивизија кога настапуваше за Севилја. Според Бенитез тој ќе биде добра алтернатива за Марсело на левата бековска позиција во Реал. Како опции за таа позиција Бенитез ги има и Алваро Арбелоа и Начо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top