| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Интеграцијата на Југоисточна Европа во ЕУ е од големо значење – владите да се откажат од ривалството

mogeriniКомесарката за надворешна политика и безбедност на Европската унија Федерика Могерини изјави дека интеграцијата на Југоисточна Европа во ЕУ е од големо значење за Унијата и за Балканот, а за тоа да се случи националните влади треба да се откажат од ривалството и да се концентрираат на заедничката, регионална соработка и натамошно приближување кон ЕУ.

Таа во авторски текст за виенскиот дневен весник „Стандард“ напиша дека договорите потпишани на последната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел се пресвртница во односите меѓу Србија и Косово и упатуваат силен сигнал за целиот регион.

„Земјите од Западен Балкан, кои имаат јасна европска перспектива, се најблиски до Европа и тоа не само со својата географска положба, туку според вредностите и целите. Граѓаните од регионот се стремат кон подобри социјално економски услови, посилна правна држава и подобра поврзаност на земјите со соседните држави, како и со ЕУ“, пишува Могерини.

Таа истакнува „пресудно подобрување од почетокот на годината е регистрирано во Босна и Херцеговина, како и во Македонија, како и прогресот во дијалог меѓу Белград и Приштина покажува дека земјите се движат во добра насока“.

– ЕУ е подготвена и во иднина да ги поддржува договорите што придонесуваат за решавање на постојните конфликти во регионот, но за тоа е потребно да постои политичка волја во главните градови на погодените држави – истакнува Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top