| четврток, 6 декември 2018 |

Целосна реконструкција на Битолската болница

 lekari-bolnica

Објектот на Битолската болница до октомври следната година ќе добие комплетно нов надворешен и внатрешен изглед. Идејното решение е избрано, тендерот за изведувач на работите е објавен, а инвестицијата за реконструкција на овој објект на Министерството за здравство изнесува 130 милиони денари.

Министерот за здравство Никола Тодоров, на денешната прес-конференција информираше дека реконструкцијата ќе се изведува во две фази. Првата фаза ќе го опфати надворешниот дел, односно поставување енергетски ефикасна фасада, промена на покривот и прозорите, а втората фаза ќе се однесува на внатрешноста на болницата.

Тодоров смета дека со реконструкцијата ќе се подигне стандардот и квалитетот на болницата. Како што рече Тодоров, досега во болницата се вршени неколку обновувања, но ова е прва посериозна реконструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top