| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во Лондон застрела маж кој се заканувал со убиства

police-guns_2165273bЕдно лице е застрелано и убиено во Лондон, од припадници на британската полиција. Инцидентот се случил пред една зграда, доцна синоќа, непосредно пред полноќ, по британско време, во реонот на Енфилд.

Претставник на лондонската Метрополитен полиција не го откри идентитетот на убиениот, освен што објасни дека станува збор за „белец на четириесет годишна возраст“.

Полицијата била повикана да интервенира, откако маж, за кој се верувало дека има оружје со себе, бил забележан во реонот на инцидентот, за кого било речено дека се заканува со убивање луѓе.

Огнено оруќје било пронајдено на местото на инцидентот, но засега нема официјално објаснување дали тоа му припаѓало на убиениот.

Полицијата не даде ниту детали дали нејзнините припадници пукале врз него откако биле нападнати, ниту во какви околности човекот бил застрелан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top