Европската унија ќе испрати свои претставници на источните острови во Егејското Море и Пиреја за да им помогнат на грчките власти да се справат со огромниот прилив на бегалци и мигранти.
Овој договор бил направен за време на минатонеделниот состанок меѓу претставниците на Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕКПА) и грчката влада во Атина.
Весникот „Катимерини“ дознава дека персонал на ЕКПА ќе биде испратен на грчките острови каде изминативе месеци пристигнуваат илјадници бегалци, главно од Сирија. Тие ќе помогнат за да се информираат бегалците за тоа како можат да аплицираат за азил.
Во Пиреја ќе бидат стационирани 15 европски претставници кои ќе им помогнат на грчките власти да преселат 14.000 бегалци од Грција во другите делови на ЕУ. Извршниот директор на ЕКПА Роберт Висер за „Катимерини“ изјави дека Грција, исто така, морала да стори повеќе за да се осигура дека бегалците се уредно регистрирани.
– Земјите-членки мора да го знаат идентитетот на секој кој влегува на нивна територија. Грција не е исклучок, истакна тој.
Според него, грчкиот систем за регистрирање и справување со бегалците и илегалните мигранти е под огромен притисок, и затоа Европа се обидува да се најдат начини за соработка со цел ефикасно да им се помогне на грчките власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст