Авионот со кој денеска патувал бугарскиот премиер Бојко Борисов имал дефект. Ова е втор дефект на бугарскиот владин авион во последните шест месеци. Пилотот морал да изврши принудно слетување на аеродромот во Варна од каде претходно полетал.
-Уредот за слетување на авионот од типот „Falcon 200“ не се повлекол по полетувањето, по што воздухопловот морал да кружи над Црното Море за да потроши дел од горивото, според процедурата за принудно слетување, а потоа слетал во Варна – соопштија неговиот кабинет и Министерството за сообраќај. Од министерството додаваат дека животот и здравјето на патниците во ниту еден момент не биле загрозени.
Истиот владин авион на 11-ти февруари годинава на летот од Софија за Брисел мораше да се врати на аеродромот во бугарската престолнина, поради истиот дефект – трапот за слетување не се вовлече.
Министерот за сообраќај, Ивајло Московски изјави дека проблемот очигледно не може да се отстрани поради што авионот ќе биде вратен на производителот во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст