| четврток, 6 декември 2018 |

Мерцедес се заби во бензинска на излезот од Струмица (фото)

soo
Автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, вчера се заби во апарат за точење гориво на бензинска пумпа на излезот од Струмица, пренесува Вест.

Несреќата се случила околу 4 часот наутро кога, од засега непознати причини, возилото излетало од патот Струмица – Ново Село и се забило во еден од апаратите од станицата.

Од силината на ударот почнале да горат автомобилот и скршениот апарат, но по брзата интервенција на вработените на бензинската и на Струмичката противпожарна единица, избегната е поголема хаварија. Во инцидентот нема повредени туку само е направена материјална штета.

Полицијата извршила увид на местото и ги утврдува причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top